Друштво на писатели на Македонија

Последни соопштенија и активности

КНИЖЕВЕН ЖЕЗОЛ ЗА ГОРДАНА МИХАИЛОВА БОШНАКОСКА И АДНАН ОЗЕР

Признанието „Книжевен жезол“ што го доделува Друштвото на писатели на Македонија за значаен поетски опус, оваа година им се доделува на македонската поетеса Гордана Михаилова Бошнакоска и на поетот Аднан Озер од Турција. Гордана Михаилова Бошнакоска Гордана Михаилова Бошнакоска е поетеса, раскажувачка, есеистка. Родена е во Битола, на 1 септември 1940 година. Школувањето го започнала во Скопје...

ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија, по повод Светскиот ден на поезијата, организираше поетско читање во просториите на Македонската академија на науките и уметностите. Со свои стихови настапија: Катица Ќулафкова, Димитар Башевски, Виолета Танчева-Златева, Веле Смилевски, Дeлвина Крлуку, Зоран Анчевски, Иван Џепароски, Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски, Јовица...

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 75 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Книжевните награди на писателската асоцијација за изминатата 2021 година им се доделуваат на авторите: Ивица Челиковиќ, Санде Стојчевски, Димитар Пандев и Венко Андоновски. Наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување во 2021 година му се доделува на Ивица Челиковиќ за романот „Ден за одмазда“ во издание на издавачката куќа „Паблишер“ од Скопје. За оваа награда одлучуваше Жири-комисија...

„ЗЛАТОВРВ“ ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ ВО ЧЕСТ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Во петок, 10.12.2021 г., со почеток во 11 часот, во холот на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се одржа поетско читање посветено на великанот на нашата книжевност Блаже Конески под наслов „Златоврв“. На средбата настапија: Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Иван Џепароски, Билјана Станковска, Љубинка Донева, Виолета Танчева-Златева, Славчо Ковилоски, Марина Мијаковска и Соња Стојменска-Елзесер...

КНИЖЕВНИ ЖАНРОВИ: СИСТЕМ ИЛИ КРЕАТИВЕН ХАОС

Дискусија во организација на ДПМ и Букстар 2021– Антолог Генологијата како дисциплина на книжевното проучување на книжевните жанрови е област која стреми кон егзактност, тежнее по систем. За разлика од неа, современите книжевни дела што излегуваат од авторските лаборатории, сѐ повеќе ги проблематизираат строгите жанровски класификации. Тврдењето на Станислав Лем дека „Барањето апсолутно чисти...

Празник на липите 2021

На 2 јули 2021 година со почеток во 20.30 часот се одржа поетската манифестација „Празник на липите 2021“ која ДПМ традиционално ја организира секоја година во соработка и под покровителство на Град Скопје. Првично планирана да се одвива на просторот на зелениот покрив на ГТЦ, манифестацијата мораше да се премести во внатрешноста на објектот, под стреа, поради ненадејниот дожд. Со солидна...

„ПОЕТСКА СРЕДБА ВО НЕБРЕГОВО“ ДРУШТВО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

На 26.05.2021, со почеток во 12 часот, пред спомен-домот во Небрегово, членови на Друштвото на писатели на Македонија читаа стихови и говореа во чест на великанот на нашата книжевност Блаже Конески. Манифестацијата е сегмент од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето“ што се реализира под покровителство на Претседателот и со поддршка на...

Ден на ДПМ – Врачување на годишните книжевни награди (13.02.2021)

Во прилог се видео-записите од одбележувањето на 74-годишнината од основањето на ДПМ и врачувањето на традиционалните книжевни награди за 2020 година – настан кој се одвиваше според строги безбедносни протоколи во време на пандемија. Обраќање на Претседателот на Друштво на писатели на Македонија, Соња Стојменска Елзесер по повод Денот на ДПМ 13 февруари. Игор Станојоски му ја врачи наградата на...

ДОБИТНИЦИ НА КНИЖЕВНИТЕ НАГРАДИ НА ДПМ ЗА 2020 ГОДИНА

Жири-комисиите составени од истакнати писатели, литературни критичари и есеисти ги донесоа одлуките за добитници на традиционалните награди на Друштвото на писатели на Македонија за книжевната продукција во изминатата 2020 година. На Конкурсот распишан во текот на месец декември минатата година беа поднесени вкупно 64 книжевни дела во конкуренција за петте награди. Според одлуките на комисиите за...

РАДОВАН ПАВЛОВСКИ – ДОБИТНИК НА ПОВЕЛБАТА „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ЗА 2020 ГОДИНА

РАДОВАН ПАВЛОВСКИ – ДОБИТНИК НА ПОВЕЛБАТА „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ЗА 2020 ГОДИНА

Поетот и академик Радован Павловски е добитник…Posted by Друштво на писателите на Македонија on Четврток, 17 декември 2020

Друштво на писатели на Македонија