АДАМ ЗАГАЈЕВСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Во духот на долгогодишната традиција, лауреатот на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ се прогласува за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија. Добитникот на „Златниот венец“ на СВП за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски, беше прогласен за почесен член на ДПМ на свеченоста во вторник, на 28 август.