17 и 18 јуни – ОТВОРЕНО ДПМ

По завршувањето со суштински важните бирократски обврски поврзани со Централниот регистар околу промената на раководството и на Статутот на ДПМ, како следен чекор од работата на ДПМ, утре и задутре (17 и 18 јуни, понеделник и вторник), просториите на ДПМ на ул. „Максим Горки“ во Скопје ќе бидат отворени за посета од 9 до 21 часот, за членовите на ДПМ (независно од тоа дали се активни, пасивни или почесни), но и за јавноста. Овие два дена се замислени како можност да се остварат средби со членството на ДПМ, но исто така и со јавноста.

Add comment