На јавниот повик за проширување на членството на Друштвото на писатели на Македонија во текот на месец март се пријавија 47 кандидати. Претседателството ги разгледа сите доставени материјали, ги проанализира според утврдените критериуми и спроведе гласање, на кое со мнозинство гласови се здобија: Андоновски, Петар; Бандиловска, Елизабета; Гиревска, Марија; Исмајловска, Мерсиха; Јуруковска, Александра; Ковилоски, Славчо; Маказлиева, Ели; Мартиновска, Виолета; Прља, Бранко; Спасовска, В. Сузана; Стојановска, Ана; Стојчевска, Снежана и Црвенковска, С. Билјана. Тоа се новите членови на ДПМ кои ќе бидат свечено претставени преку кус разговор и сегмент од творештвото на Книжевната вечер што ќе се одржи во просториите на ДПМ во понеделник, на 15 април, со почеток во 19 часот.