ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ПРЕТХОДНАТА СЕДНИЦА ЗА ВОНРЕДНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ДПМ, ЗАКАЖАНА ЗА 27.01.2024. ВО 11 Ч.

Почитувани членови на Друштвото на писателите  на Македонија,

Ве потсетувам дека закажаното продолжение на седницата за Вонредното изборно собрание на ДПМ (од датум 25.11.2023.), ќе се одржи на 27.01.2024 година (сабота) во 11 часот во просториите на ДПМ. Седницата е продолжение на претходната седницата (од 25.11.2023.) којашто немаше услови да се одржи поради немање на кворум за работа. Ве потсетувам дека Дневниот ред и Предлог-Деловникот се исти како претходно доставените, а денес повторно ви се пратени по имејл.

Кандидатите за раководни функции: Живко Грозданоски, Гоце Ристевски, Стефан Марковски и Блаже Миневски ги повлекоа своите кандидатури.

Со тоа, следните кандидатури за раководни органи на ДПМ остануваат важечки за следната седница:

За претседател на ДПМ:

1. Мирче Нешовски

За претседател на Собранието на ДПМ:

1. Иван Антоновски 

            Датумот за одржување на продолжението на седницата за Вонредното изборно собрание 27.01.2024. во 11 часот во просториите на ДПМ е согласен со Статутот на ДПМ, (со Член 20 и Член 22).

Во врска со евиденција на членови на асоцијацијата коишто доаѓаат од внатрешноста, се замолуваат членовите да се запишат на списокот што ќе биде во канцеларијата со цел натаму да се регулираат патните трошоци.

Со почит,  Кристина Николовска

претседател на Собранието на ДПМ

Скопје, 22.01.2024.

Add comment