На 17 април во просториите на Друштвото на писатели на Македонија се одржа трибина на тема „Вреднувањето на писателскиот труд“. Модератор на трибината беше Христо Петрески, а воведни искажувања имаа Гоце Ристовски и Ана Мартиноска. Во оваа прилика писателите имаа можност да проговорат за аномалиите во процесот на вреднување на книжевно-креативниот труд и да артикулираат начини за нивно надминување.
