На 20.12.2019, во Друштвото на писатели на Македонија се одржа поетско читање на кое поети од различни генерации ја искажаа својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески. Тие прочитаа по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна, а настапија: Зоран Анчевски, Иван Џепароски, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо се вклучи и Лидија Димковска. Настанот го модерираше Александра Јуруковска.
