Празник на липите 2019

ДПМ на 5 јуни го одбележа  “Празникот на липите”,  чествување на поезијата во урбаниот амбиент со симболот на Скопје – липите.  Овогодинешни добитници на “Книжевниот жезол” се македонскиот поет Радован П. Цветковски,  и поетот од Албанија Ариан Лека . Творештвото на Радован П. Цветковски го претстави Милица Радевска- Димитријовска, а за поезијата на Ариан Лека говореше акад. Луан Старова.

Поетското читање на манифестацијата ПРАЗНИКОТ НА ЛИПИТЕ 2019 се одржа  на платото пред црквата Св. Спас. Први своите песни ги прочитаа – Радован П.Цветковски, Ариан Лека, Катица Ќулафкова, Стојан Тарапуза и Санде Стојчевски, а потоа се одржа традиционалниот митинг на поезијата на кој свои песни читаа учесниците на конкурсот за најдобра песна на манифестацијатса. Овогодишен добитник на наградата на ДПМ за најдобра песна на Празникот на липите е Сузана С.Спасовска. Наградата ја соопшти председателката на жиро комисијата Гордана Михајлова-Бошњаковска.