Празник на липите 2021

На 2 јули 2021 година со почеток во 20.30 часот се одржа поетската манифестација „Празник на липите 2021“ која ДПМ традиционално ја организира секоја година во соработка и под покровителство на Град Скопје. Првично планирана да се одвива на просторот на зелениот покрив на ГТЦ, манифестацијата мораше да се премести во внатрешноста на објектот, под стреа, поради ненадејниот дожд. Со солидна посетеност од над педесетина посетители, програмата се реализираше во два сегмента: 1. Претставување на добитниците на „Книжевен жезол“ Иван Џепароски и Душан Стојковиќ од Србија и врачување на плакети и статуетки и 2. Поетски митинг со учество на присутните поети и прогласување на најдобра песна на распишаниот Конкурс за 2021 година и доделување Плакета на авторката на победничката песна Ана Стојаноска.