ПРАЗНИК НА ЛИПИТЕ

Традиционалната манифестација „Празник на липите“ на ДПМ се одржа според востановените параметри, во просториите на ДПМ, со публика од шеесетина присутни, меѓу кои и високи претставници на Министерството за култура и Градот Скопје, како и амбасадорот на Р Романија во Р Македонија, г-дин Виорел Станила. Традиционалната награда „Книжевен жезол“ им беше врачена на македонскиот поет Видое Видичевски и на романскиот поет Георге Добре. Во нивна чест беше објавена традиционалната публикација со избор од нивната поезија. Исто така беше врачена и наградата „Даница Ручигај“ на поетесата Мирјана Тренчева. На традиционалниот конкурс за најдобра песна и есеј, кој оваа година беше анонимен, беа прогласени за победнички книжевните делана Даниела Андоновска-Трајковскаи Марија Ралповска.