ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДПМ НА ГАЛИЧКА КНИЖЕВНА КОЛОНИЈА 2018

Во организација на Здружението за литература, уметност и култура „Галикул” по 24-ти пат се одржа традиционалната Галичка книжевна колонија.

Поради отежнати временски услови и снегот кој го затрупа патот кон Галичнк, оваа година манифестацијата се одржа во Трница, едно од помалите но прекрасни села на Мијачкиот крај.

На Галичка книжевна колонија учествуваа: Весна Мојсова Чепишевска, Соња Стојменска-Елзесер, Зоран Анчевски, годинашен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, како и поетите Јовица Тасевски Етернијан, Иван Антоновски, Ѓоко Здравевски и Наташа Сарџовска.