Друштво на писатели на Македонија

Книжевна вечер со новопримените членови на ДПМ

На јавниот повик за проширување на членството на Друштвото на писатели на Македонија во текот на месец март се пријавија 47 кандидати. Претседателството ги разгледа сите доставени материјали, ги проанализира според утврдените критериуми и спроведе гласање, на кое со мнозинство гласови се здобија: Андоновски Петар; Бандиловска Елизабета; Гиревска Марија; Исмајловска Мерсиха; Јуруковска Александра; Ковилоски Славчо; Маказлиева Ели; Мартиновска Виолета; Прља Бранко; Спасовска В. Сузана; Стојаноска Ана; Стојчевска Снежана и Црвенковска С. Билјана. Тоа се новите членови на ДПМ кои беа  свечено претставени преку кус разговор и сегмент од творештвото на Книжевната вечер што  се одржа во просториите на ДПМ  на 15 април.

Друштво на писатели на Македонија