Трибина во ДПМ за вреднувањето на писателскиот труд

На 17 април во просториите на Друштвото на писатели на Македонија  се одржа трибина на тема „Вреднувањето на писателскиот труд“. Модератор на трибината беше Христо Петрески, а воведни искажувања  имаа Гоце Ристовски и Ана Мартиноска. Во оваа прилика писателите  имаа можност да проговорат за аномалиите во процесот на вреднување на книжевно-креативниот труд и да артикулираат начини за нивно надминување.