Јазикот е нашата татковина – поетско читање во чест на Блаже Конески

На 20.12.2019, во Друштвото на писатели на Македонија  се одржа поетско читање на кое поети од различни генерации  ја искажаа својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески. Тие  прочитаа по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна, а настапија: Зоран Анчевски, Иван Џепароски, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо се вклучи и Лидија Димковска. Настанот  го модерираше Александра Јуруковска.