Во рамките на фестивалот „Букстар“ на Издавачкиот центар Антолог од Скопје и во коорганизација со ДПМ, се одржа книжевна дискусија на тема “Да се биде европски романописец денес” во која учествуваа Кадер Абдолах од Холандија, Михал Вивег од Чешка и Луан Старова и Оливера Ќорвезироска од Македонија. Модератор на средбата беше Соња Стојменска-Елзесeр.
Струшки вечери на поезијата 2019
Според востановената традиција, и оваа година добитничката на „Златен венец“ на СВП, романската поетеса Ана Бландиана, беше прогласена за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.
Лесновски sвона 2019 во чест на Чедо Јакимовски (1940 – 1993)
Претставници на ДПМ беа вклучени во манифестацијата „Лесновски ѕвона’ 2019 во чест на македонскиот поет Чедо Јакимовски, организирана во неговиот роден град Кратово.
ДПМ во чест на Кочо Рацин
Празник на липите 2019
ДПМ на 5 јуни го одбележа “Празникот на липите”, чествување на поезијата во урбаниот амбиент со симболот на Скопје – липите. Овогодинешни добитници на “Книжевниот жезол” се македонскиот поет Радован П. Цветковски, и поетот од Албанија Ариан Лека . Творештвото на Радован П. Цветковски го претстави Милица Радевска- Димитријовска, а за поезијата...
Трибина во ДПМ за вреднувањето на писателскиот труд
На 17 април во просториите на Друштвото на писатели на Македонија се одржа трибина на тема „Вреднувањето на писателскиот труд“. Модератор на трибината беше Христо Петрески, а воведни искажувања имаа Гоце Ристовски и Ана Мартиноска. Во оваа прилика писателите имаа можност да проговорат за аномалиите во процесот на вреднување на книжевно-креативниот труд и да артикулираат начини...
Книжевна вечер со новопримените членови на ДПМ

На јавниот повик за проширување на членството на Друштвото на писатели на Македонија во текот на месец март се пријавија 47 кандидати. Претседателството ги разгледа сите доставени материјали, ги проанализира според утврдените критериуми и спроведе гласање, на кое со мнозинство гласови се здобија: Андоновски Петар; Бандиловска Елизабета; Гиревска Марија; Исмајловска Мерсиха; Јуруковска Александра;...
Прием на нови членови на Друштво на писатели на Македонија
На јавниот повик за проширување на членството на Друштвото на писатели на Македонија во текот на месец март се пријавија 47 кандидати. Претседателството ги разгледа сите доставени материјали, ги проанализира според утврдените критериуми и спроведе гласање, на кое со мнозинство гласови се здобија: Андоновски, Петар; Бандиловска, Елизабета; Гиревска, Марија; Исмајловска, Мерсиха; Јуруковска...
КНИЖЕВЕН ЖЕЗОЛ ЗА РАДОВАН П. ЦВЕТКОВСКИ И ЗА АРИАН ЛЕКА
Друштвото на писатели на Македонија секоја година традиционално ја доделува наградата „Книжевен жезол“ за поетски опус со високи естетски вредности на еден домашен и на еден странски поет. Претседателството на ДПМ од номинираните кандидати за добитници на оваа престижна награда за 2018 година, по пат на гласање ги избра македонскиот поет Радован П. Цветковски и албанскиот поет Ариан Лека...
ИЗБРАНИ СЕ ДОБИТНИЦИ НА КНИЖЕВНИТЕ НАГРАДИ НА ДПМ ЗА 2018 ГОДИНА
Жири-комисиите составени од истакнати писатели, литературни критичари и есеисти ги донесоа одлуките за добитници на традиционалните награди на Друштвото на писатели на Македонија за книжевната продукција во изминатата 2018 година. На Конкурсот распишан во текот на месец декември минатата година беа поднесени вкупно 61 книжевно делово конкуренција за петте награди. ...