Друштво на писатели на Македонија

Последни соопштенија и активности

Свечено доделување на наградите на ДПМ за книжевните остварувања во 2018 година

Друштвото на писатели на Македонија ги додели наградите за најдобри книжевни остварувања во 2018 година, во рамки на свеченото одбележување на 72 години од основањето. Оваа година добитници на овие престижни книжевни признанија се: Влада Урошевиќ за романот „Маџун“ („Стале Попов“), Виолета Танчева-Златева за стихозбирката „Патот“ („Ацо Шопов“), Лидија Капушевска-Дракулевска за критичко...

ТРАДИЦИОНАЛНА БЕСЕДА ЗА ПРЛИЧЕВ НА МИШЕЛ ПАВЛОВСКИ

Во Охрид, пред бистата на поетот и преродбеник Григор Прличев во паркот пред НУ Библиотека што го носи името на патронот, се одржа традиционалната беседа за Прличев. Честа пред насобраните почитувачи на Прличевото дело да беседи, годинава му припадна на проф. д-р Мишел Павловски, секретар на Друштвото на писателите на Македонија. Тој истакна дека: „’Вториот Хомер’ е грамадна фигура во нашата...

„ЏИЏИЊА ОД ЗБОРОВИ“ ВО ЧЕСТ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне организираше поетско читање во чест на поетот и лингвист Блаже Конески, еден од основачите на македонската писателска асоцијација. Читањето е насловено „Џиџиња од зборови“ во духот на  една песна на Конески од неговата стихозбирка „Црн овен“ од 1993 година. Поезија од Конески по свој избор, како и стихови од сопственото творештво, ќе...

СРЕДБА СО ПИСАТЕЛКАТА ДРАГИЦА НАЈЧЕСКА

13.12.2018 – Во просториите на Друштвото на писатели на Македонија на 13 декември со почеток во 12 часот се одржа средба со писателката Драгица Најческа по повод нејзиниот 85-ти роденден и педестгодишниот јубилеј од нејзиното зачленување во писателската асоцијација. За творечкиот опус и ликот на писателката говореше поетот, раскажувач и публицист Панде Манојлов. На средбата беше промовиран...

ДПМ НА ПРОМОЦИЈА НА АУДИО КНИГАТА „БЕЛИ МУГРИ“ ВО ВЕЛЕС

На 28 ноември се одржа промоција на аудио книгата „Бели мугри“ – самостојно и волонтерско издание на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и Здружението на слепите лица на Општина Велес. Оваа книга се објави во чест на 79 годишнината од првообјавувањето на антологиската поетска збирка „Бели мугри“ од Кочо Рацин. Присутните во салата имаа можност да слушнат фрагменти од аудио...

ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДПМ НА ГАЛИЧКА КНИЖЕВНА КОЛОНИЈА 2018

Во организација на Здружението за литература, уметност и култура „Галикул” по 24-ти пат се одржа традиционалната Галичка книжевна колонија. Поради отежнати временски услови и снегот кој го затрупа патот кон Галичнк, оваа година манифестацијата се одржа во Трница, едно од помалите но прекрасни села на Мијачкиот крај. На Галичка книжевна колонија учествуваа: Весна Мојсова Чепишевска, Соња...

ДПМ ВО ГЕВГЕЛИЈА: СРЕДБА НА ПИСАТЕЛИ И ЧИТАТЕЛИ ВО РАМКИ МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

Група членови на Друштвото на писатели на Македонија се вклучија во книжевниот настан организиран од Градската библиотеката на Гевгелија во рамки на одбележувањето на месецот на книгата. Пред публиката составена претежно од млади луѓе, писателите читаа свои дела и говореа за значењето на популаризацијата на книгата и читањето во современиот живот.

“ПОЕТСКА ГРАВИТАЦИЈА“ ВО БИТОЛА

Здружението за наука и култура од Битола и Друштвото на писателите на Македонија денеска во Центарот за култура во Битола одржаа поетско-сценски и ликовен перформанс „Поетска гравитација“. Со свои креативни излагања учествуваа писателите : Соња Стојменска-Елзесер, Мирјана Стојановска, Мишел Павловски, Мито Спасовски,Фросина Пармаковска, Ленче Милошевска, Милица...

АДАМ ЗАГАЈЕВСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН НА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Во духот на долгогодишната традиција, лауреатот на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ се прогласува за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија. Добитникот на „Златниот венец“ на СВП за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски, беше прогласен за почесен член на ДПМ на свеченоста во вторник, на 28 август. 

Друштво на писатели на Македонија