КатегоријаАктивности

Промоција на романот „Клиентот на Шекспир“ од Милош Латиновиќ

Во Домот на македонските писатели се одржа промоција на романот „Клиентот на Шекспир“ од српскиот писател Милош Латиновиќ, во организација на писателката Гордана Јовиќ-Стојковска, која е преведувач на македонски јазик на овој роман.Романот го промовираа Кристина Николовска и Младен Весковиќ, а модератор на настанот беше Ана Антоновска.

Јазикот е нашата татковина – поетско читање во чест на Блаже Конески

На 20.12.2019, во Друштвото на писатели на Македонија  се одржа поетско читање на кое поети од различни генерации  ја искажаа својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески. Тие  прочитаа по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна, а настапија: Зоран Анчевски, Иван Џепароски, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В...

Трибина ” Книжевни манифестации” – Годишно собрание

На 12.12.2019  во просториите на Друштвото на писателите на Македонија се одржа редовно годишно Собрание на Друштвото на писателите на Македонија, на  тема  „Книжевните манифестации“.Собранието  го водеше претседателот на Собранието, Христо Петрески, а на трибината покрај него заа темата книжевни манифестации воведни излагања имаа и Мито Спасевски и Елена Пренџова.

Промоција на книгата есеи „Творецот и сотворецот“ од Марија Гиревска

На 5 декември во ДПМ се одржa промоција на книгата есеи „Творецот и сотворецот“ од Марија Гиревска во издание на издавачката куќа „Култура“ од Скопје.  Промотори на книгата беа о. Стефан Санџакоски и Соња Стојменска-Елзесер, а модератор на промоцијата беше Александра Јуруковска.

МАКЕДОНСКО ЖЕНСКО ПИСМО: ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА

На 2.12.2019, во Друштвото на писатели на Македонија  се одржа книжевен настан посветен на творештвото на македонските жени-писатели, со следната содржина: – Доделување на плакетата „Даница Ручигај“ за 2019 година на Марина Мијаковска за збирката „Коскена“, со критички осврт на Славица Дабевска Ќировска– излагање на Димитар Пандев на тема „Женскиот поетски стимул во македонскиот...

100 години од раѓањето на Димитар Митрев (1919 – 2019)

На денот на раѓањето на Димитар Митрев беше организирано чествување за неговиот лик и дело во Домот на македонските писатели. За творечкиот опус на Димитар Митрев  и неговото значење во македонската литература и култура говореа Иван Џепароски и Јелена Лужина, а со сеќавање пред публиката се обрати и ќерката на Димитар Митрев – Илинка Митрева.

Книжевна дискусија: „Во сенката на читателот“

Во рамките на фестивалот „Букстар“ на Издавачкиот центар Антолог од Скопје, во соработка со ДПМ, се одржа книжевна дискусија на тема „Во сенката на читателот“ . Во дискусијата учествуваа Халдора Тородсен, писателка од Исланд и македонските писателки Калина Малеска и Фросина Пармаковска, а модерираше Весна Мојсова-Чепишевска.

Книжевна дискусија: „Да се биде европски романописец денес“

Во рамките на фестивалот „Букстар“ на Издавачкиот центар Антолог од Скопје и во коорганизација со ДПМ, се одржа книжевна дискусија на тема “Да се биде европски романописец денес” во која учествуваа Кадер Абдолах од Холандија, Михал Вивег од Чешка и Луан Старова и Оливера Ќорвезироска од  Македонија. Модератор на средбата беше Соња Стојменска-Елзесeр.

Струшки вечери на поезијата 2019

Според востановената традиција, и оваа година добитничката на „Златен венец“ на СВП, романската поетеса Ана Бландиана, беше прогласена за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.