КатегоријаАктивности

ДПМ во чест на Кочо Рацин

Повеќемина претставници на ДПМ беа дел од реализацијата на 56. Рацинови средби во Велес, 6-7 јуни 2019. Традиционално беше положено цвеќе  во спомен-костирницата од името на македонските писатели во чест на  великиот поет Коста Солев Рацин.

Да му е вечна слава и спомен!

Празник на липите 2019

ДПМ на 5 јуни го одбележа  “Празникот на липите”,  чествување на поезијата во урбаниот амбиент со симболот на Скопје – липите.  Овогодинешни добитници на “Книжевниот жезол” се македонскиот поет Радован П. Цветковски,  и поетот од Албанија Ариан Лека . Творештвото на Радован П. Цветковски го претстави Милица Радевска- Димитријовска, а за поезијата...

Трибина во ДПМ за вреднувањето на писателскиот труд

На 17 април во просториите на Друштвото на писатели на Македонија  се одржа трибина на тема „Вреднувањето на писателскиот труд“. Модератор на трибината беше Христо Петрески, а воведни искажувања  имаа Гоце Ристовски и Ана Мартиноска. Во оваа прилика писателите  имаа можност да проговорат за аномалиите во процесот на вреднување на книжевно-креативниот труд и да артикулираат начини...

Книжевна вечер со новопримените членови на ДПМ

На јавниот повик за проширување на членството на Друштвото на писатели на Македонија во текот на месец март се пријавија 47 кандидати. Претседателството ги разгледа сите доставени материјали, ги проанализира според утврдените критериуми и спроведе гласање, на кое со мнозинство гласови се здобија: Андоновски Петар; Бандиловска Елизабета; Гиревска Марија; Исмајловска Мерсиха; Јуруковска Александра;...

Прием на нови членови на Друштво на писатели на Македонија

На јавниот повик за проширување на членството на Друштвото на писатели на Македонија во текот на месец март се пријавија 47 кандидати. Претседателството ги разгледа сите доставени материјали, ги проанализира според утврдените критериуми и спроведе гласање, на кое со мнозинство гласови се здобија: Андоновски, Петар; Бандиловска, Елизабета; Гиревска, Марија; Исмајловска, Мерсиха; Јуруковска...

Свечено доделување на наградите на ДПМ за книжевните остварувања во 2018 година

Друштвото на писатели на Македонија ги додели наградите за најдобри книжевни остварувања во 2018 година, во рамки на свеченото одбележување на 72 години од основањето. Оваа година добитници на овие престижни книжевни признанија се: Влада Урошевиќ за романот „Маџун“ („Стале Попов“), Виолета Танчева-Златева за стихозбирката „Патот“ („Ацо Шопов“), Лидија Капушевска-Дракулевска за критичко...

ТРАДИЦИОНАЛНА БЕСЕДА ЗА ПРЛИЧЕВ НА МИШЕЛ ПАВЛОВСКИ

Во Охрид, пред бистата на поетот и преродбеник Григор Прличев во паркот пред НУ Библиотека што го носи името на патронот, се одржа традиционалната беседа за Прличев. Честа пред насобраните почитувачи на Прличевото дело да беседи, годинава му припадна на проф. д-р Мишел Павловски, секретар на Друштвото на писателите на Македонија. Тој истакна дека: „’Вториот Хомер’ е грамадна фигура во нашата...

„ЏИЏИЊА ОД ЗБОРОВИ“ ВО ЧЕСТ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне организираше поетско читање во чест на поетот и лингвист Блаже Конески, еден од основачите на македонската писателска асоцијација. Читањето е насловено „Џиџиња од зборови“ во духот на  една песна на Конески од неговата стихозбирка „Црн овен“ од 1993 година. Поезија од Конески по свој избор, како и стихови од сопственото творештво, ќе...

СРЕДБА СО ПИСАТЕЛКАТА ДРАГИЦА НАЈЧЕСКА

13.12.2018 – Во просториите на Друштвото на писатели на Македонија на 13 декември со почеток во 12 часот се одржа средба со писателката Драгица Најческа по повод нејзиниот 85-ти роденден и педестгодишниот јубилеј од нејзиното зачленување во писателската асоцијација. За творечкиот опус и ликот на писателката говореше поетот, раскажувач и публицист Панде Манојлов. На средбата беше промовиран...

ДПМ НА ПРОМОЦИЈА НА АУДИО КНИГАТА „БЕЛИ МУГРИ“ ВО ВЕЛЕС

На 28 ноември се одржа промоција на аудио книгата „Бели мугри“ – самостојно и волонтерско издание на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и Здружението на слепите лица на Општина Велес. Оваа книга се објави во чест на 79 годишнината од првообјавувањето на антологиската поетска збирка „Бели мугри“ од Кочо Рацин. Присутните во салата имаа можност да слушнат фрагменти од аудио...