ДНЕВЕН РЕД НА ИЗБОРНОТО СОБРАНИЕ НА ДПМ

Врз основа на членовите 20, 21, 22 и 23 од Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, а по одлука на Претседателството на ДПМ, свикувам

Изборно собрание

со следниот

Дневен ред

  1. Отворање на Собранието;
  2. Избор на Работно претседателство;
  3. Донесување Деловник за работа на Изборното собрание;
  4. Избор на работни тела на Собранието: Верификациона и Изборна комисија;
  5. Извештај за работата на ДПМ во мандатниот период (2014 – 2018);
  6. Извештај за материјално-финансиската работа на ДПМ во мандатниот период (2014 – 2018);
  7. Дискусија;
  8. Избор на органи и тела на ДПМ:
    • Претседател на Собранието на ДПМ;
    • Собраниски одбор на ДПМ;
    • Претседател на ДПМ;
    • Претседателство на ДПМ;
    • Kомисија за материјално-финансиска контрола;
    • Суд на честа;
    • Статутарна комисија

Изборното собрание ќе се одржи на 28 април 2018 година (сабота), во Друштвото на писателите на Македонија, со почеток во 10,30 часот.

                                                       Претседател на Собранието на ДПМ

Раде Силјан (ср)