images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА ДПМ

Изборното собрание на Друштвото на писателите на Македонија се одржа на 5 април 2014 година. На највисокиот собир на писателската асоцијација беше избрано ново раководство, со мандат од четири години.

izbrano novoto rakovodstvo na dpm

 

За претседател на ДПМ беше избран Веле Смилевски, а за претседател на Собранието на ДПМ Раде Силјан. За членови на Претседателството на ДПМ беа избрани: Панде Манојлов, Кочо Топузовски, Ресул Шабани, Мирјана Стојановска, Јусуф Едип, Христо Петрески, Мишел Павловски, Кристина Николовска и Борче Панов. Собранието избра и Статутарна комисија, Комисија за финансиското работење на ДПМ и Суд на честа.

За членови на Собранискиот одбор беа избрани: Илхами Емин (Скопје), Видое Видически (Охрид), Василе Димески (Прилеп), Стојмир Симјановски (Кичево), Борче Панов (Радовиш), Никола Јовановски (Крушево), Петар Наневски (Кавадарци), Љубинка Донева (Кочани), Јордан Ѓорчев (Свети Николе), Анастас Ќушкоски (Вевчани), Јован Стрезовски (Струга), Зоран Пејкоски (Битола), Оливера Доцевска (Куманово), Игор Крајчев (Велес), Благој Самоников (Штип), Кирил Кангов (Гевгелија), Славица Дабевска Ќировска (Тетово), Вангелко Лозановски (Демир Хисар), Киро Донев (Моноспитово) и Наташа Василевска Трајчевска (Струмица).