images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО

На првата седница, одржана на 25 април 2014, беше конституирано новото Претседателство на ДПМ и неговите помошни тела.

За секретар на ДПМ за активности во земјата беше избран Панде Манојлов, а за секретар за меѓународна соработка на ДПМ Кочо Топузовски. Ресул Шабани е избран за координатор на соработката со литературните манифестации во земјата и во странство, Василе Димески, координатор на работата меѓу Собранискиот одбор и Претседателството на ДПМ, Јован Дамјановски, одговорен за прашања од доменот на социјалниот статус на членовите на ДПМ, Стојан Тарапуза, координатор за активности на Клубот на писателите за деца при ДПМ "Ванчо Николески", Мирјана Стојановска координатор на Клубот на писателките при ДПМ "Даница Ручигај", Соња Стојменска Елзесер, одговорна за организирање трибини на ДПМ. На седницата на Претседателството на ДПМ беше конституиран и Организациониот одбор на Меѓународната манифестација "Празник на липите". Одборот го сочинуваат: Владимир Мартиновски, претседател, Раде Силјан, Веле Смилевски, Илхами Емин, Панде Манојлов, Кочо Топузовски и Ресул Шабани. Избрана е и нова редакција на списанието "Стожер", во состав: Петре Димовски, главен и одговорен уредник, Љубинка Донева и Јусуф Едип.