images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

ПИЕСАТА „ЧЕКАЧОТ“ ОД ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ ВО ДПМ

 

На 3 декември 2015 (четврток) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе биде прикажана претставата „Чекачот“ од Трајче Кацаров. Станува збор за пиеса работена според романот „Јад“ на Кацаров (издание на „Матица македонска“), а во интерпретација на Трајче Јованов. За романот „Јад“ ке зборува писателот Христо Петрески, а програмата ќе ја води Александра Велинова.

Trajce Kacarov

Трајче Кацаров (1959) е поет, раскажувач, романсиер и драмски автор. Работи како директор на Народниот театар во Штип. Уредник е на списанието „СУМ“. Член на ДПМ е од 1991 година. Автор е на дваесетина книги, меѓу кои: „Во подмишките на будилникот“, “Го следите ли Хорхе“, „Емигрантот Цвик“ (поезија), „Да не беше дождот“, „Ноќта во која светилката не треба да згасне“ (драми), „Татко и отец“ и „Јад“ (романи).