images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

„ПОЕЗИЈА И ВИНО“ – СЕЌАВАЊЕ НА ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

На поетска вечер  под наслов „Поезија и вино“, на 10 декември 2015 г., во 20 часот, триесетина автори, членови на Друштвото на писателите на Македонија, со свои стихови ќе му оддадат почит на големиот македонски поет Гане Тодоровски (1929 – 2010).

gane todorovski

На боемската вечер, што ќе се одржи во посебна атмосфера во ресторанот „Јоле“,  повеќемина актери, сликари, музичари, новинари и писатели ќе евоцираат спомени за Гане Тодоровски. Средбата ќе ја овори Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ. „Поезија и вино“ се одржува во рамките на традиционалната манифестација „Ганеви денови“ на која ДПМ учествува со својот поетски караван.