images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

ПОЕТСКИ   ПОРТРЕТ  НА КОЧО ТОПУЗОСКИ

На 10 декември 2015 г., во Друштвото на писателите на Македонија,  во 12 часот, ќе се одржи поетски портрет на Кочо Топузоски, по повод  40-годишнината од излегувањето на неговата прва стихозбирка  „Ноќни делби“.

kogho topuzovski

За творештвото на Кочо Топузоски ќе зборуваат Ефтим Клетников и Санде Стојчевски. На средбата со музички нумери ќе учествува Христо Христоски – Мулар, а стихови ќе чита Александра Велинова. Кочо Топузоски е претставник на средната генерација македонски поети. Покрај дебитантското остварување „Ноќни делби“, автор е и на стихозбирките:  „Болна прелест“ и „Препознавања“. Негови стихови се преведени на англиски, француски, српски,  романски, албански и руски јазик. Застапуван е во неколку избори, панорами и антологии, меѓу кои и во Антологијата на современата македонска поезија објавена во рамките на едицијата „135 тома македонска книжевност“. Кочо Топузоски член е на Претседателството на ДПМ и секретар за меѓународна соработка на македонската писателска асоцијација.