images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

СЛАВЈАНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН“ ВОСТАНОВУВА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА ПОЕТСКА КНИГА НА ЧЛЕН НА ДПМ

 

По повод 69-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ на македонската писателска асоцијација  и донира парични средства во висина од 500 евра.

Derzavin-2

Покрај тоа, во пресрет на јубилејот седум децении од формирањето на Друштвото на писателите, Славјанскиот универзитет востановува годишна  награда „Державин“ за поетска книга од автор, член на ДПМ. Паричните средства за наградата, во висина од 500 евра, ќе ги обезбедува универзитетот како трајна донација, а Друштвото на писателите ќе учествува во стручниот дел со тричлена жири комисија која ќе ја донесува одлуката за ова признание. Наградата „Державин“ за прв пат ќе биде  врачена во втората половина на септември на Славјанскиот универзитет во Свети Николе.

Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ започна со работа во 2004 година во Свети Николе, а во 2006 година својата дејност ја прошири и во Битола. Во рамките на овој универзитет работат пет факултети на кои до сега дипломирале неколку илјади студенти. „Гаврило Романович Державин“ е корпоративен универзитет со истоимениот државен универзитет во Руската Федерација.