images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

РАСПИШАН  КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДАТА 

„ДАНИЦА РУЧИГАЈ“

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за наградата „Даница Ручигај“ што се доделува за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација. Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од 30 април 2015, до 30 април 2016 година. Книгите до ДПМ авторките и издавачите треба да ги достават во по четири примероци до 5 мај 2016 година.

danica ruchigaj

 

Наградата „Даница Ручигај“ ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото на писателите на Македонија, во текот на јуни. Доделувањето на ова признание е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај.

Наградата „Даница Ручигај“ беше востановена минатата година. Прва добитничка на ова признание е поетесата Елена Пренџова за книгата „Политички коректна поезија“.