images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

images

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ДПМ

ДЕБАТА ЗА АКТУЕЛНИТЕ АСПЕКТИ НА КНИЖЕВНАТА КРИТИКА

На редовното Годишно собрание на Друштвото на писателите на Македонија, што ќе се одржи на 23 јуни 2016 г., во 13 часот, ќе се расправа за актуелните аспекти на книжевната критика.

 

Друштвото на писателите на Македонија оценува дека прашањето за состојбата на критиката е актуелно и дека расправата на Годишното собрание може да придонесе за одредени сознанија кои ќе бидат во прилог на литературните остварувања и нивно правовремено и автентично валоризирање. Евидентна е ситуацијата на нарушени критериуми во естетското вреднување на делата, а тоа може да остави долгорочни негативни последици за литературата и нејзиниот развој. На проблемот треба да му се пристапува комплексно, со изградена стратегија, во која своја улога ќе има Друштвото на писателите на Македониј во поттикнувањето на оваа дејност како важна компонента во афирмирањето на новите остварувања и нивно вградување во редот на  проверените и потврдени книжевни вредности.

Скопје, 19 мај 2016                                       

ДРУШТВО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА