images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА ГОДИШНИТЕ НАГРАДИ ЗА ЛИТЕРАТУРА

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најуспешни литературни остварувања во 2016 година. Ќе бидат доделени традиционалните награди „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за децаи  наградата „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

dpm

 

Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на декември, а наградите ќе бидат врачени на 13 февруари идната година, на свеченоста по повод  70-годишниот јубилеј од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Наградите ќе ги доделат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, критичари и есеисти, членови на ДПМ.