images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

БЛАЖЕ КОНЕСКИ

(95 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО 1921 – 1993)

 

1

 

2

 

 

3

 

4

 

 

5

 

 

6

 

 

7

 

С Т Е Р Н А

Ами моите стари зер не се плашат од
Стерпа што ја правел Марко Крале под
Маркови кули, и што ја затпал водата
со не зпам колку арари со бубаќ и ковани
од бруќе колку еден аршин големи,
та ја затнал водата и го куртулисал
Прилепското поле да не стане како
Охридското Езеро.
М. Цепенков

Ја затнав Стерната со бубаќ,
со партали,
со песочипгге, со чакалиште,
со камења, со карпи
што ги натрупав на дувлото —
да крепат.
Беше заден час!

Сонот ми скипна.
Во ниедна доба
сум одел да наслушнам како приидува водата,
како гргори, грчи и зајачува под земи,
се лути некому
— а не го разбираш зборот —
се токми да излезе
како сура мечка од пештера,
да потера лов.
Ноќе.

Знаев: трпелива
таа го чека својот час.
Таа ќе почека да го успие мајка детето,
и лелејката да запре во лулањето,
елемијата во вртењето,
таа ќе почека да вечераат орачите,
да ги сопашат објалата,
да ги потурат опинците со плева,
таа ќе почека да згасне последното жарче
под пепелот,
последното ѕвонче во трлата да молкне,
и пците да се притајат,
и старците што ги мачи бесоница и кашлица — да тивнат.
Да биде глуво и спокојно и темно кога ќе рикне.
Стерната.
Таа го чека само својот час.

Сите спијат,
а само јас буден во трудната ноќ,
како ајдут на пусија,
чекам —
полн од нејзиното подземно бучење,
сиот намовнат кога за малку ќе молкне —
зашто тогаш крои најлошо и се присеќава.
Ми иде да викам, да мавтам со раце, да будам!

И тогаш решив:

Ја затнав Стерната со бубак,
со партали,
со песочиште, со чакалиште,
со камења, со карпи
што ги натрупав на дувлото —
да крепат.

Колку ликував
дека ја задавувам до мртовечко отпуштање,
дека се послаб иде нејзршиот глас
од подземјето,
како да липа и да моли милост.
Се повеќе се силев, раскинат од бес,
со нокти корнев — и мавав и шибав
и толчев, и трупав грамада,
брзав — да не и се загревам.
А кога запрев, задишен и потен,
и минав со кална рака по челото,
кога се исправив сосем простум
и вдишив со сета душа воздух и тишина,
чув —
некој под земи, далеку, се кикоти,
како да ја прекрил устата со дланка.

Истрпнав.

И еве пак е ноќ и пак е ниедна доба.
Сите спијат, а јас го загубив сонот.
Ми бучи Стерната в уши како никогаш,
како да претекла сета во мене,
овде, в гради,
и по дамарите
ми приидуваат темните подземни водје
без починка,
како јас да, ја создавам Стерната
и треба да го изречам нејзиниот збор. Наслушувам: таа расте.
Таа го чека само својот час —
да биде глуво и спокојно и темно кога ќе рикне,
ќе се оттиши,
ќе гргне, да поклопи, да подави, да повлече,
да се успокои во ширината.

БОЛЕН ДОЈЧИН

Кога бев преполн сила
што придојдува како матна речна глава,
кога се сетив вреден за мојот подвиг,
достоен за слава,
кога ми закрепна гласот за нај длабок збор,
раката за најтежок меч,
ногата за најверен од —
тогаш се сломив.
Паднав како црешово дрво од премногу род.

Една потсмешлива сенка ми ја издемна трагата,
како змија во гробно камарче се вовлече во
свеста,
смеата ми ја урочи, ми ја зацрни тагата —
да се обѕирам подозриво, да думам да шестам.
Тогаш се сетив ситен и смешен и долен, —
се стопи снагата,
капнаа раце,
падна мечот,
паднав болен.

Болен лежам до девет години,
што искинав до девет постели.
Не ги чувствувам веќе своите зглобови,
јас сум расфрлан на тврда ледина
на пеколен пладневен присој,
јас сум раскостен коска од коска,
низ моите коски трева поникнало,
низ таа трева змии се ведат.

Јас копнеам гроб темен и студен —
нема крај без мојот подвиг суден.

Непозната жено, единствена на светот,
сестро и мајко моја, ти што си страдала многу,
ти што си сетила мака до вбигорување,
дојди, сестро златно,
збери ги моите мувлосани коски, не грози се,
состави ме,
повиј ме со триста лакти платно,
речи ми тих реч,
исправи ме,
научи ме пак да одам, мајко,
да ј ми в рака меч —
да убијам Црна Арапина.

Да умрам.

УТРО

Утрински посетители на паркот,
треба да сте чудни луѓе вие,
треба нешто да ви недостасува!
Ах да го уловам извивот на пајажинана,
ах да го фатам трепетот на сонцето
на овој лист,
ах да го предусетам
летот на белата пеперуга!
Утрински посетители на паркот,
нели исто нешто помислуваме?

Д А Б

Се суши веќе овој древен даб
и бршлан нему повијат му треба
та сочна убост да му даде тој
и сладок скокот по тврдата кора;
а дабот ќе му даде висок раст
и дален поглед во долината
и ќе му дари заедничка смрт.

В Е 3 И Л К А
1.
Везилке, кажи како да се роди
проста и строга македонска песна
од ова срце што со себе води
разговор ноќен во тревога бесна?

— Два конца парај од срцето, драги,
едниот црн е, а другиот црвен,
едниот буди морничави таги,
другиот копнеж и светол и стрвен.

Па со нив вези еднолична низа,
песна од копнеж и песна од мака,
ко јас пгго везам на ленена риза
ракав за бела невестинска рака.

Судбинско нешто се плело за века
од двете нишки, два созвучни збора,
едната буди темница што штрека,
другата буди вкрвавена зора.

2

Везилке, крени наведена лика,
погледај в небо во претпладне златно:
се шари таму и чудесно блика
твојата везба на синото платно.

За тебе нема ни вечерен запад,
ти — морно око на трепетна срна.
Две бои таму ти горат и капат,
две шарки твои — црвена и црна.

Зар не се плашиш од јаркоста нивна,
и најмил спомен дека ќе ти згасат?
Зошто се губиш, ти строга., ти дивна,
дните ти минат, прокоби се гласат.

— И најмил спомен што в душа ми блесна
се гаси од нив ко цвеќе без боја.
Но ти што ловиш звук на чудна песна,
ти си ја кажа судбината своја.

УБАВИТЕ ЖЕНИ

Убавите жени во мојот народ
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.
О неправда!
тие им припаѓале на неизбрани мажи,
нивните коси дење сплетени во прцлиња
ноќе распуштени по градите и колковите.
Нивниот постап на препелица
набрзо го сопинала унечка,
нивната младост поминувала
како мирис на липа што го одвева ветрот.
Набрзо тие седнувале на порта
со наведната глава и издадени коленици,
со нечујна издишка.
Убавите жени, несреќните жени
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.

РЕКИ

Ги пуштив реките да течат
дека се матки, дека мислат гласно,
и може негде некому да речат
што не сум знаел да изразам јасно.

ГРИГОР ПРЛИЧЕВ

1. НОЖ

За ова срце сегде острат нож
а ножот веќе забоден е внатре —
и стига само да се засмеам,
ќе сетам веднаш колку длабоко
ме пронижал, со колку танки жилки
на остра болка в гради 'ртил тој.
И тогаш реско усетувам дека
сум избран — сета невола и тага
и сета ропска потиштеност грда
на еден народ да ја истрадам,
молчаливо и тврдо да ја носам.
И бележен со некој пален знак
Јас треба да ја сетам цената
на секој подвиг што напред не води,
дволичноста на сека победа.
О браќа, знајте — не само од подлост
жабурлива јас страдам, што ја газам,
а тајна чува мојот мрачен молк.

2. ПАТНИК

Јас, суров нервчик, еве гаснам веќе
и божем газам на мраморна плоча.
Црнице збогум, подгрбена мајко,
го надживе ти својот скрбен син,
и вие збогум, о петрински лозја,
со претчувство на ново трпко вино!
Но вие, штири, со кибарни куќи
во кои млачно мусандрите дишат,
баздриѓани, туѓ меѓу вас сум бил,
сум живеел во тмурна меланхолија.
Ве тревожев ко патник што на полноќ
застанува пред портите да клука.
Ме гоневте — рамнодушни и злобни —
а сега дури и гробјето ваши
пак ќе го гонат мојот суров гроб,
и вземи туѓ и притеснет ќе бидам
се дур не дојде едно ново племе
што ќе ме сака и прославува.

СНЕГ

Завева белиот снег
неколку привични пата.
Долу пред мојата врата
гинат белокрили јата
тихо во спокој мек.

Белиот небесен снег
реди еднолична сказна,
дека е душава празна,
сама пред осуда мразна —
кажува белиот снег.

Шепоти: сам си, сам.
А јас се спремам назад,
нозеве пак да газат
патишта што се мразат —
до денот, што го знам.

Г У Г У Ч К А

Гугучке
страсно грлено зборување,
Гугучке
преграб црн околу вратот,
Гугучке
жедост за крилато милување,
Гугучке
жал за милиот и братот.

 

АНГЕЛОТ НА СВЕТА СОФИЈА

Ти којшто толку време мина
под малтерот на ѕидот мрачен,
пак слободен си в простор зрачен
— о сине тих на мисла сина —
со живот пак ти гори видот
и зори како небо ѕидот.
Но таа лика што се крие
под малтерот на мојте гради
и — утеха од дните млади —
по убост како сестра ти е,
не, нема мајстор да ја спаси,
со мојот живот ќе се згаси.