images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

НАЈУСПЕШНИ КНИЖЕВНИ ДЕЛА ВО 2016 ГОДИНА

Друштвото на писателите на Македонија ги додели наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2016 година.

Наградата „Ацо Шопов“, за најдобра стихозбирка, ја доби Гордана Михаилова Бошнакоска за стихозбирката „Песна на ридот“. Одлуката е донесена едногласно од жири-комисијата во состав: Виолета Танчева Златева (претседател), Иван Чаповски и Василе Димески. Во тесен избор за наградата „Ацо Шопов“ влегоа стихозбирките: „Песна на ридот“ од Гордана Михаилова Бошнакоска, „Црно на бело“ од Лидија Димковска, „Посланија и риданија“ од Кочо Топузоски, „Внатрешни планини“ од Владимир Мартиновски и „Метафизички сино“ од Филип Клетников.

dpm-nagradi

 

Лилјана Пандева за романот „Доилката“ е добитник на наградата „Стале Попов“, за најдобра прозна книга. Признанието е доделено со едногласна одлука на жири-комисијата: Наташа Аврамовска (претседател), Ресул Шабани и Блаже Миневски.Во потесен избор, покрај романот „Доилката“ од Лилјана Пандева, се наоѓаат и книгите: „Бродот Конзархија“ од Томислав Османли, „Враќањето на козите“ од Луан Старова, „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски, „Но-Уи“ од Лидија Димковска и „Рапави стихови“ од Милован Стефановски.

Наградата „Димитар Митрев“, за најдобра книга од областа на критиката и есеистиката, е доделена на Кристина Николовска, за делото „Светлинска“. Едногласна одлука за ова признание донесе жрито во состав: Маја Јакимовска Тошиќ (претседател), Ефтим Клетников и Венко Андоновски.

Наградата „Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца и млади, ја доби Александар Поповски за стихозбирката „И по сто пати“. Одлуката е донесена едногласно од жири-комисијата во состав: Стојан Тарапуза, Делвина Керлуку и Христо Петрески.

Наградите ќе бидат врачени на Свечениот собир по повод јубилејот: 70 години од формирањето на ДПМ, на 16 февруари 2017, во 12 часот.