images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

ЈУБИЛЕЈ: 70 ГОДИНИ ДПМ

На 16 февруари 2017 (четврток), во 12 часот, Друштвото на писателите на Македонија го одбележува големиот јубилеј: 70 години од своето формирање.

Друштвото на писателите на Македонија во изминатите седум децении (1947 – 2017) обедини 540 писатели од сите генерации, чии дела го одбележаа богатиот и буен развој на современата македонска литература и на литературата на националностите во Република Македонија.

FOTO ZA WEB STRANICATA

На свечениот собир, на 16 февруари, реч по повод јубилејот, ќе има претседателот на ДПМ Веле Смилевски. Притоа во Домот на македонските писатели ќе бидат врачени наградите за најдобри книжевни остварувања „Ацо Шопов“, „Стале Попов“, „Димитар Митрев“ и „Ванчо Николески“, на добитниците: Гордана Михаилова Бошнакоска, Лилјана Пандева, Кристина Николовска и Александар Поповски. Образложенијата за одлуките ќе ги презентираат претседателите на жири-комисиите Виолета Танчева Златева, Наташа Аврамовска, Маја Јакимовска Тошиќ и Стојан Тарапуза.

Врачување Повелба на ДПМ на Трифун Костовски за долгогодишна континуирана поддршка на културните и творечки процеси во Република Македонија.

Музички нумери: Пламенка Трајковска, гудачко дуо.

Програмата ќе ја води: Александра Велинова.