images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

БЕСЕДЕЊА ЗА  ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

На 11 мај (четврток) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи средба под наслов „Седум навраќања на темата Гане Тодоровски“. 

Gane Todorovski

Преку беседи на  познавачи на творештвото на Тодоровски (1929 – 2010), на денот на раѓањето на поетот, ќе бидат осветлени аспекти на неговата поезија, книжевната наука, преводот, критиката и есејот. Низ сеќавања на блиските соработници и сопатници, ќе стане збор и за учеството на Гане Тодоровски во литературниот живот, како член на ДПМ од 1951 година и во два мандати претседател на македонската писателска асоцијација, за влогот во покренувањето, осмислувањето и развојот на Струшките вечери на поезијата, за боемскиот живот, како и за неговата педагошка работа на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Гане Тодоровски својата прва поетска книга, со наслов „Во утрините“ ја објави во 1951 година. Во наредните шест децении тој создаде значаен творечки опус за кој е добитник на високи признанија, меѓу кои и на наградите „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Димитар Митрев“ и „Ацо Шопов“.