images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

БАЛКАНСКИОТ  ПОЕТСКИ ВАВИЛОН

Второто  издание на манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“ ќе се одржи во среда, (31 мај 2017) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија.

dpm

Во рамките на претставувањето на творештвото на истакнат поет од балканските литератури, на почетокот од манифестацијата ќе биде презентиран поетскиот  портрет на словенечкиот писател и научник Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија. За поетското творештво на Милан Јазбец ќе зборува поетот и литературен критичар Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ.

Годинашниот „Балкански поетски Вавилон“ ќе се одржи со учество на 20 автори, членови на македонската писателска асоцијација и со презентирање  стихови на истакнати поети од Балканот, добитници на наградата „Книжевно жезло“,  признание за творечки опус што традиционално го доделува ДПМ. Стиховите ќе бидат читани на јазиците на кои создаваат авторите на Балканот и во Македонија: на македонски, албански, турски, српски, бугарски, грчки, словенечки, хрватски, црногорски, влашки, бошњачки и ромски јазик. Програмата ќе ја води Александра Велинова.