images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

ПОРТРЕТ НА ЈОВАН ПАВЛОВСКИ

Со портрет на истакнатиот македонски писател Јован Павловски, Друштвото на писателите на Македонија утре (1 јуни 2017) во 12 часот, ќе ја одбележи 80-годишнината од неговото раѓање и 60 годишната творечка дејност. Средбата ќе ја отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за творештвото на Павловски ќе зборуваат Лорета Георгиевска Јаковлева и Владимир Мартиновски. Стихови ќе чита Александра Велинова.

3

Како поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, писател за деца и публицист Јован Павловски создаде богат и разновиден опус кој има свое значајно место во тековите на современата македонска литература. Дебитираше со стихозбирката „Август“ во 1962 година, а потоа објави низа поетски книги, меѓу кои: „Медеја“, „Идентитет“, „Ментален простор“, „Одработен страв“ и „Строгоста на живеењето“.  Автор е на романите „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“, „Сок од простата“,  „Проверка на слободата“,„Град, години луѓе“  и други.

За своето дело Јован Павловски е добитник на врвни награди, меѓу кои: Рацоново признание, „Стале Попов“, Книжевно жезло за творечки опус,  „13 Ноември“ на град Скопје, „Крсте Мисирков“, „Духовен воин“ и „Златно перо“. Неговото творештво е преведувано на 20 јазици во светот.