images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

ДПМ ВО ЧЕСТ НА КОЧО РАЦИН

Друштвото на писателите на Македонија и оваа година ќе му оддаде почит на големиот македонски поет Кочо Рацин, основоположник на современата македонска литература, синоним на револуционерното и творечко дејствување во борбата против фашизмот за слобода на својот народ.

2

Делегација на ДПМ на 9 јуни 2017, во 20 часот во Спомен костурницата во Велес, ќе положи свежо цвеќе во чест на Кочо Рацин. Традиционалната Беседа за Рацин на годинашните Рацинови средби ќе ја има водачот на делегација на македонската писателска асоцијација, проф д-р Мишел Павловски.

На меѓународниот поетски митинг, што ќе се одржи на големата сцена во театарот „Џинот“ во Велес, на 9 јуни во 21 и 30 часот, во рамките на Рациновите средби, ќе настапат поетите на ДПМ: Игор Крајчев, Олга Панкина, Филип Клетников, Мирјана Тренчева и Александра Велинова.