images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

ИНИЦИЈАТИВА НА ДПМ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ЛЕКТИРАТА ЗА ОСНОВНО И СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Друштвото на писателите на Македонија на претстојното редовно годишно собрание, закажано за 22 јуни 2017, ќе покрене иницијатива за преиспитување на содржините на лектирата за основно и средно образование.

lektira

ДПМ оценува дека содржините на лектирата што им се нуди на учениците во голем дел е застоена и не кореспондира со вистинските вредности  во делот на класичната  литература, но и со новите трендови во домашната и светската книжевност.

ДПМ ќе побара од Министерството за култура и од Министерството за образование и наука да ги употребат своите механизми, со учество на независни  експерти од областа на книжевната наука и образованието, за прочистување на лектирата според естетските параметри и реалните очекувања од современиот образовен систем, како и ослободување на изборот на авторите и делата од било какви идеолошки и други нелитерарни мотиви.

Ваквата иницијатива, во која Друштвото на писателите е подготвено да партиципира во сите фази од нејзиното реализирање,  ќе придонесе  за афирмација и доближување на вистинските вредности на литература што се создава на македонски јазик и на јазиците на националностите до младите читатели, во контекстот на книжевните вредности што доаѓаат од светот, а тоа ќе го подигне нивото на образованието во областа на уметноста на пишаниот збор.