images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА ГОДИШНИТЕ НАГРАДИ НА ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најуспешни литературни остварувања во 2017 година. Ќе бидат доделени традиционалните награди „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и   наградата „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

dpm

Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на декември, а наградите ќе бидат врачени на 13 февруари идната година, на свеченоста по повод одбележувањето на 71-годишнината од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Наградите ќе ги доделат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, критичари и есеисти, членови на ДПМ.