images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

ДПМ НА 28 АПРИЛ ЌЕ ИЗБИРА НОВО РАКОВОДСТВО

Редовното изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи на 28 април, 2018 г., во 10 часот. Оваа одлука ја донесе Претседателството на ДПМ според статутот на асоцијацијата со кој е утврден мандат од четири години.

dpm

Покрај претседател на Друштвото, членови на Претседателството и претседател на Собранието на ДПМ, ќе се избираат и статутарна комисија, комисија за финансиско работење и суд на честа. На овој највисок собир на македонските писатели ќе се избира и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на ДПМ.

Кандидатите за претседател на ДПМ и за претседател на Собранието на ДПМ , своите програми треба да ги достават во канцеларијата на писателската асоција од 13 до 27 март, најдоцна до 12 часот. Програмите се доставуваат во печатена форма, во два примерока, потпишани од кандидатот, и на ЦД. Не се примаат програми испратени по електронска пошта.

                                                               ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ДПМ