images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

СОЊА СТОЈМЕНСКА ЕЛЗЕСЕР И ОЛИВЕРА ДОЦЕВСКА КАНДИДАТКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДПМ

Соња Стојменска Елзесер и Оливера Доцевска се кандидатки за избор на претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Двете писателки, според Статутот на ДПМ, со програми ги најавија своите кандидатури за кои членовите на македонската писателска асоцијација ќе решаваат на Изборното собрание закажано за 28 април 2018.

dpm

Соња Стојменска Елзесер, родена 1963 година, е есеист, критичар и книжевен научник. Доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Член на ДПМ е од 2009 година.

Оливера Доцевска, родена 1975 година, е поетеса и есеист. Живее во Куманово, работи како адвокат во Скопје. Член на ДПМ е од 2013 година.

За функцијата претседател на Собранието на ДПМ своите кандидатури со програми ги најавија Христо Петрески и Блаже Миневски.

Христо Петрески, роден 1957 година, е поет, раскажувач, романсиер, критичар и есеист. Доктор по филолошки науки,професор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности „ЕСРА“ во Скопје и директор на издавачката куќа „Феникс“ од Скопје. Член на ДПМ е од 1985 година.

Блаже Миневски, роден 1961 година, е раскажувач, романсиер и драмски автор. Работи како уредник во секторот за издавачка дејност во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Член на ДПМ е од 1992 година.

Покрај претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, на 28 април, највисокиот собир на македонските писатели ќе избира и Претседателство на ДПМ, како и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори, членови на писателската асоцијација. Изборот е за мандат од четири години.