images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

ИСТОРИЈАТ НА ДПМ

pretsedateli

Друштвото на писателите на Македонија е формирано во 1947 година.

За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески.

Досегашни претседатели на ДПМ:

Блаже Конески

Ацо Шопов

Славко Јаневски

Димитар Митрев

Коце Солунски

Коле Чашуле

Бранко Пендовски

Милан Ѓурчинов

Матеја Матевски

Благоја Иванов

Анте Поповски

Гане Тодоровски

Симон Дракул

Димитар Солев

Петре М. Андреевски

Србо Ивановски

Томе Арсовски

Георги Старделов

Тодор Чаловски

Јован Павловски

Светлана Христова Јоциќ

Милован Стефановски

Веле Смилевски

Трајан Петровски

Раде Силјан

НЕКОЛКУ ЗБОРОВИ КОН ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА ПРИРАЧНИКОТ "МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛИ"

 Појавата на третото и проширено издание на информативниот прирачник "Македонски писатели" на самиот почеток од 2004-та година ни ја соопштува пријатната вест дека домашниот книжевен пазар го почуствувал недостигот нејзин! Очевидно, поминати се повеќе години откако ова помагало се појави од печат; тоа е последната година на ХХ-тиот век (2000-тата). Македонската современа литература веќе четири години се движи напред во времето на XXI век. Потребни се додатни, нови и подосвежени податоци за располагање со една наполно нова, проширена и комплетна информација за состојбите во неа. Се стокмија најнови био-библиографски податоци. Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија изнајде можности и начин за издавање на ова неопходно помагало.

 Меѓутоа, поздравувајќи ја обновената иницијатива на групата составувачи на прирачникот "Македонски писатели"за издавање на третото, проширено издание (Раде Силјан, Веле Смилевски и Јован Павловски), должни сме да подвлечеме дека зад овој издавачки чин не стои само добрата намера да се пополни една празнина, имено - да се коригира еден недостиг на пазарот. Со издавањето на оваа неопходна и корисна книга се става и ред во моментниот информативен хаос во нашата јавност, бидејќи редакторите на изданиево настојат да ги обединат во својата био-библиографска информација наречена "Македонски писатели" буквално сите попројавени автори на литературната уметност во Македонија дури и оние коишто не се членови на Друштвото на писателите на Македонија. Второто нешто кое ја одликува оваа нова верзија на писателскиов прирачник е настојбата на неговите редактори и автори да ги подосвежат соопштените факти во духот на заложбите на модерната информатика. Тоа е направено на завидно рамниште, такашто овојпат располагаме со поцелосна информација, на два јазика, со што знајбата за нашата современа литература станува покомлексна.

 Гане Тодоровски

FEW WORDS TOWARDS THE THIRD EDITION OF THE HANDBOOK "MACEDONIAN WRITERS"

 The appearance of the third and enlarged edition of the informative handbook "Macedonian writersf at the very begining of the year 2004 is announcement of the good news that the domestic book market has senced it's shortage! Evidently, several years have passed since this helping device has shown itself from the press; it was the last year of the 20th century (the year 2000). For four years the Macedonian contemporary literature has moved forward into the time of the 21st century. New, supplementary and freshened data are needed for handling one totaly new, enlarged and completed information about the conditions in it. The newest bio-bibliographical data were gathered and prepared. The Presidency of the Macedonian Writers' Association has found opportunities and the way for publishing this necessary helpin gadevice.

 But, while greeting this renewed initiative of the group of composers of the hand­book "Macedonian writers" for publishing the third, enlarged edition (Rade Siljan, Vele Smilevski and Jovan Pavlovski), we are obliged to undeline that behind this publishing act stands not only the good intention to fulfill an emptiness, namely - to correct one shortage in the market. By publishing this necessary and usefull book an order into the present informative chaos of our public has been set, because the redactors of this edition want to unite, into their bio-bibliografical information called "Macedonian writers", literarlly all au­thors of literary art in Macedonia that have appeared, even those who aren't members of the Macedonian Writers' Association. Second thing that distinguishes this new version of the writers handbook is the tendency of it's redactors and authors to freshen given facts in the spirit of the pledge of modern informatics. It has been made on significant level, so this time we have more complete information, into two languages, with which the knowledge of our contemporary literature becomes more complete.

 Gane Todorovski

МАКЕДОНСКИОТ ПИСАТЕЛ ДЕНЕС И ОВДЕ

(Обид за едно субјективизирано видување)

Веднаш ќе им предочам на читателите, т.е. корисниците на оваа корисна книга, именувана "Македонски писатели", дека по втор пат ја добивам шансата да бидам воведничар на прирачникот што има за цел да информира за најосновните факти од животот и делото на оние македонски писатели, коишто како членови на Друштвото на писателите на Македонија внеле свој прилог во растежот на македонската литература, во текот на втората половина на XX век, имено во периодот на нејзиниот регуларен развиток (1945-2000 г.). За првпат таа шанса ја имав во 1987 г. кога ДПМ ја прославуваше 40-годишнината од своето постоење. Овојпат, на истекот од 2000-та година или по исечок од време што се протега низ бројка од педесет и три години (ДПМ е формирано на 13 февруари 1947 г.), повторно сум исправен пред обврската да го коментирам статусот на македонскиот писател - денес и овде - поради потребата, во новите услови на постоење на независна македонска држава, неговата улога е најверојатно во процес на сериозни и радикални, постепени и значајни промени и нови осмислувања. Политичкиот плурализам, кој го започна својот тек во македонското општество низ годините на последната деценија на XX век, остави свои белези и во организираниот живот на современите македонски писатели. Уште како, тие нови состојби заслужуваат почетни коментари, иако, општествениот статус на уметниците, па во тој ред и на творците од областа на литературната уметност, сè уште, со словото на законот, не го врзал вниманието на државата!

За да нема никакви недоразбирања, должни сме да ги појасниме барем трите последни зборови од претходната реченица: вниманието на државата. Да се одважиме на таков чин.

Во помалите (бројно) и помлади, како феномен, национални култури, грижата на државата за развитокот на уметностите, посебно е важна и неопходна. Оваа специфика се наложува поради цел ред околности. Во помалите средини, во подоцна формираните национални култури, во посиромашните општествени средини, особено во кругот на европскиот дел од цивилизацијата, литературната уметност, како носечка национална дисциплина, непосредно е врзана со јазикот, па оттука и посебно е ставена во зависна улога од домашниот корисник (консумент) како битен фактор на нејзината елементарна егзистенција. Музиката, сликарството, архитектурата, се илустрација на оној дел на уметноста што не зависи од превод. Литературната уметност и директно и апсолутно е ставена од ред познати причини во строга зависност од јазикот на националната средина. Кај нас, Македонците, како кај малуброен народ, со мошне редуцирана бројка на читатели, тиражите на книгите а тоа значи присуството на делата од македонските автори се очајно мали, недоволни, со второстепена улога во одбрана на професијата литерат. Тоа е така не само поради специфичноста на феноменот доцнење (сè што е создавано во областа на литературната уметност до средината на XX век, требаше низ процеси на забрзано приопштување на македонскиот јазик да се надомести, а тоа главно го носеа врз свои плешки - писателите), туку, главно поради тешкотиите и македонската литература, сообразно со нормите и стандардите на европските литератури, да се потпре исклучиво врз пазарната логика на своето постоење, да се гради според барањата на нејзините консументи.

Се ова говори, не само од социолошки аспект, дека македонските писатели во најстрогата смисла на зборот се зависни од државната каса а не од факторот читател. И уште нешто: македонската литература, како литература лишена од потпир врз интересот на читателот (макар и малуброен) најде почва на прием (основна рецепција) во средните училишта, имено во лектирите по предметот мајчин јазик и литература, па, оттука, сакала-нејќела придоби и белези и својства на своевидно октроирана литература, карактеристики што им се присушти на сите задоцнети литератури. Секако, оваа определба на македонската литература, не и' ги брише ознаките на природноста.

Друштовото на писателите на Македонија, коешто зад себе влече постоење од педесет и три години живот (1947-2000 г.) обединува во своите редови членство чија бројка се движи кон 350 автори. Од пред неколку години, во РМ беше формирано и уште едно литературно другарство, наречено - Независни писатели на Македонија, во кое почетно беа групирани околу триесетина современи македонски писатели. Добар дел од нив повторно му се вратија на ДПМ. Дел од нив, според лично изразена волја, вклучени се во нашиов био-библиографски список (К. Чашуле, Д. Солев, С. Ивановски, П. М. Андреевски, Б. Миневски, С. Ѓ. Димоски). Обете литературни организации имаатсвои периодични гласила: "Стожер" е орган на ДПМ, додека "Писмо" е издание на групацијата Независни писатели на Македонија. Без оглед на оваа подвоеност, без оглед на постојното затишје во сферата на меѓусебната соработка, мошне е важно да се знае дека ни една од овие писателски организации не е врзана за некоја од политичките партии во Република Македонија, ниту пак понудила на показ елементи на меѓусебно идејно-политично конфронтирање.

Без оглед на тоа колку и припомага организираниот книжевен живот на самата литература, тој е бездруго услов без кој не се може, бидејќи многу институции никнати во општеството за да ја заштитуваат и развиваат литературната уметност - награди за книжевност, институти за книжевност, книжевни гласила, образовни институции, книжевни организации, фестивали, преведувачки здруженија, издавачки куќи, авторски агенции и друго, стануваат постепено силни надворешни фактори кои го забрзуваат книжевниот развиток. Сепак, книжевните вредности не се во крајна инстанца резултат на сета таа грижа, зашто сепак и литературната уметност не е резултат на добри намери, туку исклучиво феномен на изненада а не на планирање.

ДПМ е еден од надворешните фактори што и' помагаат на литературата во нејзиниот развиток со тоа што вложува систем од грижи и настојби за афирмација на литературната уметност како општествено добро. Всушност, тоа е облик на посредништво, кое има своја смисла.

Неизбежно е укажувањето дека книгава што ја имате во свои раце е мал прирачник што има задача да биде практично помагало, потсетник, советник, компендиум без посебни претензии на исцрпност или сеопфатност. Во оваа книга-информатор не се зборува за литературата, туку за литераторите; таа е краток био-библиографски преглед на актерите на македонската современа литература, обединети во професионално другарство кое зад себе оставило веќе трага од пет децении и згора уште некоја годиничка. Тие и такви многумина луѓе на перото, поради коишто денес и постои реалитетот наречен македонска литература, тие триста и педесет и згора уште некои пет-шестмина одгледувачи на убавиот збор, унапредувачи на македонскиот книжевен јазик - поети, раскажувачи, романсиери, драмски автори, критичари и есеисти, литературни публицисти, патописци, хроничари, литературни историчари, писатели за деца, крепители на одбраната реч, уметници на зборот, членови на Друштвото на писателите на Македонија, негови ревнители, двигатели и спомагатели - сите тие се воведени во оваа книга, неоти манекени на духовниот пејзаж на оваа наша слободна македонска средина за да посведочат дека благодарејќи на нивното присуство постои и се развива низ забрзан тек македонската литературна уметност.

Токму така: литературата постои благодарејќи им на литераторите, луѓето на перото, писателите. Оттука, во извесна социолошка проекција, потребно е да се запрашаме: кој е денес тој македонски човек на перото професионалец или волонтер сеедно, но, очевидно и евидентно новововеден профил во нашата понова културна и општествена стварност? Кој е тој нов "занает" од кој може да се живее и во оваа мала македонска средина, кадешто поимите сè уште се мешаат и каде што се случува аршините за уметноста постојано да осцилираат меѓу највисок и најнизок третман речиси секојдневно! Кои се луѓето коишто го прифаќаат тој ризичен "занает" наспроти сите неизвесности и благодати на неговиот и нерешен и нерешлив статус во нашето општество? Навистина, кои се тие "Македонски писатели"?

Неколку се причините поради кои нагласката во овие воведувачки зборови кон книгата "Македонски писатели" а по повод 50-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија (понатаму во текстот насекаде: ДПМ) се става врз писателот а не врз литературата. Еве зошто:

Пред сè, нашата македонска литература има, барем последниве стотина години наназад, изразито дисконтинуиран тек, па кога за неа се зборува во интегрална смисла, далеку поправедно е да се зборува за писателот одошто за литературата, бидејќи тој отсекогаш постоел и опстоел како индивидуалност, вон константните и легитимните норми на еден стандардно, нормално и слободно разгрнат литературен живот кај нас. Постоел и опстоел како творец што остава зад себе трага, писмена се разбира, зашто само таа е валидна. Постоел и опстоел како непрепознат фактор на културниот развиток на средината, непрепознат и неприпознат, непризнаен и отфрлен, омаловажен и потценет, прогонуван и накажуван, понижуван и плукан, малтретиран и ликвидиран - од туѓи и од свои. Така е сè од Пејчиновиќ и Џинот, Миладиновци и Прличев, Рацин и Вапцаров, сè до оној ден на далечниот 13 февруари 1947 година, кога за првпат во својата историја македонските писатели (тогаш сè на сè одвај десетмина на број) го одржуваат првото годишно собрание и го донесуваат не само првиот статут на писателите кај нас, туку и го кристализираат и првиот правен статус на оваа професија во македонската средина.

Постои и уште една причина што треба да биде предзначена: во нашава средина, уште од времињата кога бевме дел од југословенската државна целина, беа општоважечки принципите за слобода на творештвото, па оттука, залегна и во практиката добрата навика професионалните организации, како што е во случајов ДПМ, да не се занимаваат со вреднувања, оценки и преоценки на литературата, со мерења и премерувања на поодделни писателски дела или појави, туку да го свртат интересот кон далеку пофункционалните и позначајните акции за создавање на општи предуслови за слободно делување на производителите на литературата: на нејзините творци, на писателите.

Кога ќе се има предвид фактот дека писателот кај нас е сè уште неискристализиран поим за средината (а во текот на последниве неколку години несомнено и троа подиставен на пониските скапила во општествената хиерархија), може и треба да се сфати потребата и една организација каква што е ДПМ, да се грижи главно и над сè околу заштитата и статусот на писателот, како носител на литературата. Поради ова, повеќепати се случуваат и јавни разговори на тема - местото и улогата на писателот во нашето општество и во нашево време. Тие се и прифатливи и разумни и во текот на последнава деценија (1990-2000 г.), откако Република Македонија се осамостои како независна и суверена државна единица, остануваат многу и многу недоречености, па јавните разговори бездруго треба да продолжат во проширениот контекст на темата: македонскиот писател денес и овде.

Македонскиот пистаел денес и овде, претставен дури и статистички, преку елементарни био-библиографски показатели, ја асоцира темата на потребниот разговор - писателот и животот на Македонија или македонскиот писател помеѓу лаврите и лебот или нашиот писател помеѓу посакуваната привилегија и професионалното право. Се чини, токму на овие пунктови се судираат најостро разбирањата за местото и улогата на литературата во времето и просторот, односно за прашањето на писателот како непосреден производител на литературата.

Регуларниот тек на македонската литература, како што ни е познато, започнува пред половина век и неколку години згора, имено некаде во втората половина на 1944 година, кога Вардарскиот дел на Македонија ќе добие своја државно-правна институција. Од почетокот на 1947-та година имаме и одделна писателска организација - ДПМ.

Македонската интелигенција, луѓето на науката и културата сета расположива интелектуална ефектива на штотуку ослободениот период се изнасобраа во Скопје, како во главен град на Македонија, за да ги затемелат и извишат овдека сите оние важни и неопходни институции кои го осмислуваа нормалното развивање на една нација.

Почеток како и секој друг почеток, како вистински почеток!

Потенцијалните кадри за многу културни институции беа главно писателите. Но тие тогаш се мошне малку. Многумина од нив останати се засекогаш на првите позиции од борбата за подобар живот, засекогаш. Оние, коишто ја преживеаја војната и сите искушенија на долготрајните неволици и немаштини и невремиња, зазедоа важни и одговорни места во многуте клучни установи и форуми: комисија за правопис, редакција на првиот буквар и граматика, иницијативна група за формирање на Универзитетот и Македонската академија на науките и уметностите, издавачките куќи, културните рубрики на Радио-Скопје и "Нова Македонија", списанието "Нов Ден", Македонскиот народен театар, Вардар-филм, Струшките вечери на поезијата, итн., итн. Сепак, уште тогаш на писателите им претстои поважна битка: индивидуалната афирмација - создавање на литературни дела. Беше потребно на јавноста да и' се поднесат на увид творечки квалитети; требаше јавноста да почне да привикнува на новите профилации на општествениот работник - уметник и научник - писател, профилации какви што оваа средина дотогаш ниту имаше, ниту пак официјално затече. Очевидно, искушенија имаше на претек.

Сето тоа е денес недалечно минато, сето тоа е мала историја што ги следи сите културни, политички, општествени, национални, државни конституирања, по сите меридијани и паралели на овој свет. Сето ова треба понекогаш да се спомне, да се развлече, за да се сфати и протолкува полесно денешната состојба.

Иако денешното Друштво на писателите на Македонија е всушност синдикално-сталешка организација на македонските писатели и на сите други писатели коишто живеат во Македонија (Албанци, Турци, Срби, Власи и Роми) и, спомнавме веќе, брои околу триста и педесет членови, во оваа еснафска организација сè уште не е зачленет писател (внимавајте добро во текот на половина век!) којшто би живеел исклучиво од литература, т.е. од своето пишување. Се разбира, сите живеат за литературата, и во литературата, но ниеден - од литературата! Парадокс или не? Овде сакаме да ја предочиме констатацијата што не смее да се заобиколува: во Македонија, на сите писатели од ред, без исклучок (овој податок има валидност на правило) пишувањето им е дури втора смена од работниот ден. Овој профан или проклет факт предупредува на многукатните последици што произлегуваат од таквата состојба и за литератите и за литературата - онаму каде што треба да првата и основна еманципација на вистинскиот творец, таа и престанува! Значи, македонскиот писател денес и овде, оневозможен да живее од својот труд, бидејќи неговиот литературен производ нема пазарна вредност е препуштен, сакал-нејќел, на произволот или на инерцијата наречена манипулација со литературата, чиј центар на моќ е државната каса.

Македонските писатели не се приопштени единствено кон книжевноста! Тие обавуваат многу работи, коишто во други средини би ги работеле луѓе од подруга поткованост и интерес. Секако дека не е синекура, ниту пак привилегија да се наоѓаш како раководител на некоја поголема институција (МТВ, МНТ, Вардар-филм, Архив на РМ, Ректор на Универзитет, Декан на факултет, директор на културен дом, директор на научен институт, директор на издавачко претпријатие, главен и одговорен уредник на дневен или неделен весник, министер, амбасадор или не дај боже нешто повисоко! Не се ова, бездруго, синекури, туку функции и професии што му товарат на писателот (читај: на поистакнатиот писател) премногу замор и секакви други тежини (физички и психички), доволни колку за да му го обезвредат остатокот од денот, кога би можел евентуално да и' се посвети на литературата. И во таа смисла се отвора со сета актуелност прашањето: може ли воопшто некогаш, во Македонијава наша (денешна и утрешна) писател да живее од писателски труд? Ова прашање е релевантно за феноменот на македонската литература и него реално може да го разреши само реалноста, имено состојбите такви какви што се. Вон нив не се може.

Според тоа, водејќи сметка за јавните предупреди што во нашиов век ги упати заговорникот на теоријата за рецепција на книжевноста, Ханс Роберт Јаус, македонската литература за да завлезе во поприроден тек ќе треба да си обезбеди читатели или појасно речено - консументи. Вон таа вистина, навистина - сè ќе биде попусто!

Гане Тодоровски

(Предговор кон првото издание)

 MACEDONIAN WRITERS HERE AND NOW

(Summary)

It is necessary to say that the book you have in your hands is a handbook whose aim is to be a practical guide, a compendium, a brief "Who's Who", that does not aspire to be regarded as a fully comprehensive and exhaustive bio-biblio­graphical study. This informative book does not talk about literature but about its makers; it is simply a concise bio-bibliographical companion to contemporary Macedonian literature and to the writers who have been brought together by the profession of writing for more than five decades. These men of letters, thanks to whom a reality known as Macedonian contemporary literature exists, some three hundred and fifty guardians of belle-lettres and who tirelessly cherish and improve the Macedonian literary language - poets, short story writers, novelists, playwrights, critics, essayists, publicists, non-fiction writers, literary historians, writers for chil­dren, are all members of the Macedonian Writers' Association and are therefore presented in this book as manequins in the Macedonian spiritual landscape, in this free Macedonian environment, in order to bear witness to the further and faster development of Macedonian literature.

Just this: literature exists thanks to these people, men of the pen, writers. Therefore, in a certain sociological projection, we should ask ourselves: who today is the Macedonian person of the pen, whether professional or amateur, a newly-introduced profile within our culture and society? What is that new "craft" from which one can make a living even within this small Macedonian environment where the measures and principles of evaluation are constantly moving between the highest and lowest on a daily basis. Who are the people who take on this risky "craft" despite all uncertainties and rewards of their unresolved and unresolvable status in our society? Who indeed are these "Macedonian writers"?

There are several reasons why the accent of these introductory words to the book Macedonian Writers published on the occasion of the 50-th anniversary of the Macedonian Writers' Association is placed on the writer rather than literature: and why?

Above all, Macedonian literature has, at least over the last hundred years, followed a continuously disrupted path, so that when talking about as a whole, it is much better to talk about the writer as an individual, outside the constant and legitimate norms of the standard, the free and normal flourishing of literary life in this country. He existed and has existed as an author leaving behind him a trace, written of course, since it is only this trace which is valid. He existed and has existed as an unacknowledged factor of the cultural development of his environ­ment, unrecognized and unsung, undervalued and discarded, disrespected and disregarded, banished and accused, humiliated and spat upon, tortured and liqui­dated by intruders and compatriots. Thios was the case from Pejchinovich and Dzinot, the Miladinovs and Prlichev, Ratsin and Vapcarov, right up to 13-th February 1947, when for the first time in the history of Macedonian writing, barely a dozen writers, held the first annual meeting at which not only was a statute agreed but the legal status of this profession in Macedonia was crystallized for the first time ever.

There is at least one more factor regarding this book which should be under­lined: from the time when we were a part of the Yugoslav Federation, when the general principles of freedom of expression were valid, and from then onwards it has become a practice and habit of professional organizations such the associa­tions of writers not to direct their attention to evaluation and revaluation of litera­ture, to qualification and disqualification of literary merits, but rather to the more professional and fundamental activities such as the creation of general conditions for the freedom of expression of the "makers" of literature: authors and writers.

Bearing in mind the fact that the term "writer" has still not been made clear in our environment (and in the course of recent years it has sunk lower on the scale of social hierarchy), it is normal and necessary for an association such as the Macedonian Writers' Association to be primarily and above all concerned with the protection and status of the writer as the pivot of literature. As a consequence this Association has organised several debates on the topic of the place and role of the writer in our society and our times. These debates have been welcome in the course of the last decade since the Republic of Macedonia became an indepen­dent and soverign state.This period has seen a number of uncertainties, so such debates should continue focusing on the topic of the Macedonian writer here and now.

Macedonian Writers Here and Now, apart from the elementary bio-bibliographical information, instigates a discussion on the topic - the writer in the life of Macedonia or the Macedonian writer between the laurel wreath and the crust of bread or, the writer between aspiring privileges and professional rights. It seems that these are the crucial points where understanding of the role and place of literature in time and space clash most violently, i.e. where the question of the writer as a "maker" of literature arises.

For this reason this book is indispensable for anyone who wants to trace the developments in contemporary Macedonian literature since its beginnings some fifty or more years ago when in 1944Vardar Macedonia gained its statehood and a Writers' Association within it, established in 1947.

GaneTodorovski