images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

Марта Маркоска

ИСТЕК НАВНАТРЕ

Ако во устата можам да ти капнам
барем една капка месечен циклус
наместо вино, без да ти кажам
дека твојата душа ќе биде обредно
иницирана
инфицирана
инферницирана
Заедно ќе можеме да го испиеме
Целото Црвено Море
што Јахве го претворил во крв
за да го вратиме во нас сиот живот што – истекува

А виното...
Виното да им го оставиме на почетниците
зашто уште многу пати треба да се удават во плиткото
за да допливаат до нашите, со крв платени, искуства!