images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

Јован Павловски

ФОСИЛИТЕ НА БЕРНАР ПАЛИСИ

Не можам да се откажам од учењето,
зашто фосилите, навистина, се доказ
за старата биолошка
активност на Земјата:
стебло на силифицирано дрво,
отисоци на органска материја,
анализа на водород која открива
исчезнати групи
и сето тоа се повторува низ
годините,
се таложи и повторно се враќа.
Присуството на крупните опашкари
укажува на релативно
блага клима.

Растенијата го имаат истото значење
зашто некои растителни асоцијации
бараат топло море.
Новите видови животни со текот на
времето
се појавуваат сукцесивно, додека
другите исчезнуваат.
Едно стратиграфско ниво на
маринската фација
погодно е да прими и сочува добра
фауна на без'рбетници.
Јас преку нив се приближувам до
светот,
до неговите магли и струења и
очигледно: го откривам.

Пипам и напипувам: фораминифери,
радиоларии, сикули од граптолит,
конодонти,
флагелати, полени и спори,
некои девонски риби,
цели мамути зачувани во квартарниот
мраз на Сибир -
чнаци се тоа што покажуваат дека е
премината
границата на постоењето и дека сум во право.

И наспроти недовербата, наспроти смртта
што ме очекува,
јас, сепак, сум арцхаеоптерѕџ
првото животно што полетало
служејќи се со крилја покриени со перје.
И ако се распаднам при ова големо летање,
сигурен сум: тоа се распаѓа сета предисторија,
тоа светот, всушност, во својот се
враќа прапочеток.