images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

Мирче Нешовски

 

ЗАНЕСИ

Боледувам по песна исчезната во природата.

Девојка бере цвеќе и во свирка процветува
- во срцето и расте лилјаков јоргован
и облачиња се впиваат во зеницата моја
како пена од темјанушка.

Девојка саноќ ја довикува
пеперутката на моето чело ишарана,
трчајќи во длабочината на пештерата,
ми ја сретна Ѕвездата на Кочија,
ЗАНЕСИ од миризма на цутје и бои замелушни
Девојката ја искачија во мојата височина,
та, од пресилна светлина, и мене ме пробудија.