images                                   DS1                                       IMG 02

 

 

Олга Арбуљевска

НОВА

Понекогаш
светлината заслепува
темнината ослепува

кога ќе се протнеш низ нив
низ божјиот здив
ќе ги видиш

од едната страна изгревањето
од другата страна заоѓањето
на твоето постоење

на твоето сопствено сонце
можеби врело,
расточено

можеби прегорено,
растрошено,
но сѐ одново ново

низ лакот на зенитот скокаш
да го прескокнеш јажето
од светлосните угарчиња

и гледаш
како се раѓа
Нова