СЛАВЈАНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН“ ВОСТАНОВУВА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА ПОЕТСКА КНИГА НА ЧЛЕН НА ДПМ
По повод 69-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ на македонската писателска асоцијација и донира парични средства во висина од 500 евра.
ПРОМОЦИЈА НА „БАЛКАНСКАТА САГА“ НА ЛУАН СТАРОВА
На 24 декември 2015 г., во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија ќе биде промовиран циклусот романи „Балканска сага“ од Луан Старова во 10 тома. За делата на Луан Старова ќе зборуваат писателите Ристо Лазаров и Ермис Лафазановски, а делови од прозата ќе чита Александра Велинова.