Друштво на писатели на Македонија

„ЗЛАТОВРВ“ ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ ВО ЧЕСТ НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Во петок, 10.12.2021 г., со почеток во 11 часот, во холот на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се одржа поетско читање посветено на великанот на нашата книжевност Блаже Конески под наслов „Златоврв“. На средбата настапија: Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Иван Џепароски, Билјана Станковска, Љубинка Донева, Виолета Танчева-Златева, Славчо Ковилоски, Марина Мијаковска и Соња Стојменска-Елзесер.

Читањето е дел од заеднички настан во организација на НУБ „Климент Охридски“, Друштво на писатели на Македонија и Фондација Небрегово и претставува сегмент од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето“ што се реализира под покровителство на Претседателот и со поддршка на Владата на Република Северна Македонија.

Средбата се одржа по протоколите за организирање културен настан во време на пандемија.

Друштво на писатели на Македонија