ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА ДПМ

На редовното изборно Собрание што се одржа на 1.6.2024 година, Друштвото на писателите на Македонија ги избра новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.

За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.

Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.

Неколку фотографии од Собранието:

(Автор на фотографии: Живко Грозданоски)

Раководството на ДПМ на 4.6.2024 година ја одржа и својата конститутивна седница, на која за потпретседател на Друштвото беше избран Зоран Анчевски.

(Автор на фотографија: Дејвид Л. Роквел.)

Add comment