Друштво на писателите на Македонија

Плакетата „Даница Ручигај“ за „Пукнатина на светлината“ од Билјана Станковска

Плакетата „Даница Ручигај“, што се доделува на писателка членка на ДПМ за стихозбирка објавена во тековната година, а во чест на македонската поетеса Даница Ручигај која трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес во 1963 година, оваа година ѝ се доделува на поетесата Билјана Станковска за стихозбирката „Пукнатина во светлината“. Селекторката Виолета Танчева-Златева во своето образложение за изборот, меѓу другото, истакнува: „…’Пукнатина во светлината‘ е составена од 31 песна обединети во три мотивско-тематски структурирани циклуси – ’Одблесоци‘, ’Пукнатини‘ и ’Длабочини‘, кои функционираат како цврсто конципирана творечка целина. Низ нив, во стилски беспрекорни песни, таа ја воспева, ја дише и ја болува светлината во сите нејзини појавни облици и еманации – и во природата и во човековата душа – со што оваа книга израснува во своевиден календар на светлината.“

Друштво на писателите на Македонија