Повик за кандидатури

ПОВИК ЗА КАНДИДАТУРИ

ЗА УПРАВНИ ТЕЛА

ЗА ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Почитувани членови на ДПМ,

Во врска со Вонредното изборно собрание коешто ќе се одржи на 25.11.2023 година, Друштвото на писателите на Македонија ги повикува членовите на ДПМ да се кандидираат за:

– Претседател на ДПМ

– Претседател на Собранието на ДПМ.

Според Статутот на ДПМ, кандидатурите за Претседател на ДПМ и за Претседател на Собранието на ДПМ треба да бидат доставени од страна на кандидатите во просториите на ДПМ или преку мејл на drustvonapisatelimk@gmail.com (со скениран потпис на Кандидатурата и на Програмата), најдоцна до 4.11.2023 година со цел да се подготват кандатурите и програмите на кандидатите.

Кандидатурите може да бидат претходно најавени кај техничката секретарка на ДПМ на телефонскиот број: 02/3228-039.

Кон овој Повик, ве известуваме дека Дневниот ред за Вонредното изборно собрание е испратен до членовите на ДПМ преку е-пошта, а ќе следуваат и други соопштенија. Ве потсетуваме дека Вонредното изборно собрание ќе се одржи на 25 ноември (сабота) 2023 година, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, со почеток во 11 часот. За информации може да се обратите и во канцеларијата на асоцијацијата.

Скопје, 20.10.2023.

Друштво на писателите на Македонија