Друштво на писатели на Македонија

ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија, по повод Светскиот ден на поезијата, организираше поетско читање во просториите на Македонската академија на науките и уметностите. Со свои стихови настапија: Катица Ќулафкова, Димитар Башевски, Виолета Танчева-Златева, Веле Смилевски, Дeлвина Крлуку, Зоран Анчевски, Иван Џепароски, Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски, Јовица Ивановски, Сузана В. Спасовска, Тихомир Јанчовски и Никола Маџиров, кој оваа година имаше чест да искаже поетско послание од името на македонските поети. Во духот на повик за мир во светот, беа прочитани и стихови од неколкумина украински поети.

Друштво на писатели на Македонија